Храна (Кодошот ги јаде своите копилиња) Food (the slander is eating his bastards), digital print, 2014 |
Уво (малиот брат слуша) Ear (Little bro is listening!), digital print, 2014 |
Уво (малиот брат гледа) Eye (Little bro is watching!), digital print, 2014 |
Во циклусот
дигитални графики„Аркадна традиција“ ги вадам од контекст симболите кои ги
имаме во македонските народните носии, везови, черги и нив ги ставам во
контекст на мојата нарација во која го опишувам тоа што ни се случувало во
периодот кога се создадени делата. Овие знаци вткаени во нашата традиција носат во себе силна
симболика и значење кое има само логика во визуелната целина во која традиционално
се употребени. Тоа се предмети или облека од секојдневниот живот. Јас ги вадам
од нивната вообичаена наративна околина и ги ставам во мојот дигитален свет. Со тоа ја
бришам нивната очекувана симболика и им доделувам нова универзална сликовна симболика
употребувајќи ги во мојата визуелна приказна. Се користам со нивната впечатливост и силна
визуелно прочистена асоцијативност за да ја раскажам денешната приказната поврзана
со методите на репресивно господарење и владеење.
Делата се
создадени во првата половина на 2014 год. кога само се чувствуваше што се случува.
За тоа сеуште никој јавно не зборуваше,понекогаш можеше да се слушаво тивкитеразговори
меѓу луѓето, испровоцирани од атмосферата на манијакалното контролирање на
огромен број луѓе,спектакуларни апсења, прекуноќ преземени приватни добра и
компании и многу други во јавноста сензационалистички прикажани настани. Сето
ова го предизвика кај мене создавањето на овие дигитални слики.
Во 2019 овој мој циклус дела продолжува со делата „Постојана миграција“ и „Потопена иднина“ преку кои ја бележам последицата од долготрајната морална и етичка криза.
Во 2019 овој мој циклус дела продолжува со делата „Постојана миграција“ и „Потопена иднина“ преку кои ја бележам последицата од долготрајната морална и етичка криза.
Постојана миграција Continuous migration”, digital print, 2019 |
Поплавена иднина Inundated future, digital print, 2019 |
No comments:
Post a Comment