Friday, September 1, 2017

digital prints, Arcade tradition




Циклусот дигитални графики „Аркадна традиција“ претставува одраз на состојбите кои настануваат како резултат  на владеењето со употребана политички притисок, манипулација,пропаганда. Во тој контекст, особено интересен еметодот на употреба на историските настани, симболи или личности за дефокусирање на јавноста, асо цел да се обезбедиманипулативен простор за репресија врз неистомислениците. Се покажа дека една од најуспешните алатки за манипулација е вадењето од контекст на историските случки и протагонисти и нивното смислено поставување во новосоздадена нарација. Ова стана силна алатка во ПР пропагандата на екстремните националистички партии. „Хранењето“ на јавноста со овие новокомпонирани „епски“ приказнисе прави прекусите достапни медиуми, и традиционалните  и современите - социјалните мрежи и портали. Така, новосоздадените вазали, претставувајќи се себеси како од бога избрани деспоти, владеат заслепувајќи ја популацијата со приказни кои ја глорифицираатчистата раса, чистата нација, се разбира баш таа одбрана од бога. Всушност, ние во 21 век влеговме со употреба на концептот од почетокот на 20 век.
Во циклусот дигитални графики „Аркадна традиција“ ги вадам од контекст симболите кои ги имаме во македонските народните носии, везови, черги и нив ги ставам во контекст на мојата нарација во која го опишувам тоа што ни се случувало во периодот кога се создадени делата. Овие знаци вткаени во нашата традиција носат во себе силна симболика и значење кое има само логика во визуелната целина во која традиционално се употребени. Тоа се предмети или облека од секојдневниот живот. Јас ги вадам од нивната вообичаена наративна околина и ги ставам во мојот дигитален свет. Со тоа ја бришам нивната очекувана симболика и им доделувам нова универзална сликовна симболика употребувајќи ги во мојата визуелна приказна. Се користам со нивната впечатливост и силна визуелно прочистена асоцијативност за да ја раскажам денешната приказната поврзана со методите на репресивно господарење и владеење.
Делата се создадени во првата половина на 2014 год. кога само се чувствуваше што се случува. За тоа сеуште никој јавно не зборуваше,понекогаш можеше да се слушаво тивкитеразговори меѓу луѓето, испровоцирани од атмосферата на манијакалното контролирање на огромен број луѓе,спектакуларни апсења, прекуноќ преземени приватни добра и компании и многу други во јавноста сензационалистички прикажани настани. Сето ова го предизвика кај мене создавањето на овие дигитални слики.
Уметноста не смее да се затвори во своите елитистички рамки. Во одредени периоди особено како овие од нашата последната декадауметникот не треба да се крие зад штафелајот, треба да ја симне елитистичкатамаска и искрено визуелно да каже што мисли за тоа што се случува во неговата околина.

No comments: