Monday, August 14, 2017

MY COMMENTS [МУГРИ]


Попис / Census

Нека биде светлина! / Let there be light!


Мугри / Dawn


Saturday, August 12, 2017

MY COMMENTS [ЦРНИЛА]

.....work in progress.....

Изгубено / Lost


Animated poster: На што сме? / Air pollution
My comments [црнила]
© Ladislav Cvetkovski, 2016

ИЗЛЕЗИ! / GET OUT!



Animated poster: Кафедончиња / Caffedonians


...

Tuesday, August 8, 2017

MY COMMENTS [To remember]

.... work in progress ....



Skopje Super HOT Cup, 2017







...

Tuesday, May 16, 2017

Интервју со Ладислав Цветковски, интервјуто го водеше: Наташа Поповска Павловска, новинар (необјавено интервју) Скопје 27 11 2016


Интервју со Ладислав Цветковски 

Интервјуто го водеше: Наташа Поповска Павловска, новинар 

(необјавено интервју)
Скопје 27 11 2016


Ладислав Цветковски е познат ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор. Од интензивните истражувања на дигиталната технологија во визуелните уметности произлегоаа бројни изложби низ светот, а дизајнирал и многу значајни монофрафски изданија и институционални проекти. Тој преку „социјалниот плакат“ го дава својот личен коментар за актуелните глобални и локални теми. Повод за интервјуто со Ладислав Цветковски е неодамнешното отворање на 9-тиот по ред „Скопје Постер Фестивал“. 
Иако директно овој пат не се вклучени во реализирањето на „Скопје Постер фестивал“, како го оценувате неговото значење за културниот живот на нашата земја?
- Да, јас имав можност да учествувам во едно од првите изданија на оваа манифестација како член на жирито. Оттогаш ја следам со особено внимание и ја поддржувам. Се работи за исклучително важен интернационален фестивал кој има за цел да го негува студентскиот плакат. Годинава се оодржа неговото деветто издание. Гледајќи го еднодециниското опстојување и растеж на оваа манифестација, можам само да искажам највисоки комплименти до основачите и организаторите. Лазе и Гере Трипкови се вистински пионери во однос на организрано и систематско презентирање на студентскиот плакат во Македонија. Се работи за манифестација која го третира социјалниот, општествениот плакат и ги стимулира студентите од целиот свет слободумно и без предрасуди визуелно да го изразат своето мислење на одредена локална и глобална тема. Во изминатата деценија таа стана престижна светска изложба, во еден дел и поради тоа што во селектирањето на пристигнатите студентски плакати учествуваат светски познати графички дизајнери и професори. Така имавме можност лично да се запознаеме со многу од нив, а заедно со нашите студенти и останатие заинтересирани да проследиме и нивни предавања и работилници. Оваа семејна иницијатива е еден мал нуклеус кој на сите ни покажува дека со јасен концепт и добра организација и кај нас може да се создаде светска вредност.
За разлика од некои други манифестации кои полека се претворија во локални дружења, оваа опстана на својот професионален пат и лично им посакувам да успеат да ја оддржат оваа нагорна линија на растеж.
Колку креирањето на постери како сегмент од уметноста е развиено кај нас и една паралела со поставеноста наспроти светската пракса?
- Плакатот можеби од повеќето изразни можности кои ги дава графичкиот дизајн, по форма и изглед, е најблиску до ликовната уметност. Би рекол тоа е визуелна креација која излегува на улица, меѓу луѓето.
Плакатот во Македонија има своја историја која во голема мера зависела и зависи од побарувачката. За жал поради недостаток на систематско-истражувачка дејност во областа на дизајнот добар дел од овие плакати се недостапни на јавноста или се трајно загубени. Само како пример, малкумина ги познаваат извонредните дизајнерски остварувања на доајените на современиот македонски плакат проф. Костадин Танчев – Динка и Владимир Боројевиќ.
Кај нас во последните две децении преку различните форми кои произлегуваат од плакатот (билборд, ситилајт, банер и сл.) масовно се продуцираат различни креации, повеќето со комерцијална и политичка содржина. Тука ќе бидам дециден и ќе кажам дека малку од тоа што сум го видел може да го заслужи атрибутот: уметнички, дезајнерски, концепциски издржано. Особено мислам на тоа што е правено за нашиот пазар. Секако постојат позитивни исклучоци, дел од нив биле наградени и на меѓународни манифестации, или се дел одрекламни кампањи правени за странство.
Генерално, ние како сцена и пазар на визуелна култура неможеме да се споредуваме со големите светски центри, туку сме дел од општата состојба ворегионот во кој живееме. Со претходно напишаното не сакам да тврдам дека кај нас нема креативен и интелектуален потенцијал, бидејќи како култура имаме долга ликовна традиција, но сметам дека во голема мера се губиме во животните лавиринти и тој потенцијал останува невидлив.
Што е приоритетно во создавањето на еден постер и како да се пренесе во вистинска смисла пораката кон гледачот?
- Визуелното креирање е духовно-интелектуална сотојба во која авторот го употребува сето свое знаење, интелект, искуство, формално естетско и техничко знаење. Резултатот е одраз, огледало на авторот.
Знаете, креирањето е многу повеќе од тоа да се облечете така што ќе личите на дизајнер, уметник, да имате Apple и други предмети кои се поврзуваат со постоечките стереотипи за тоа кој е, а кој не е дизајнер. Вистинскиот предизвик на креирањето е да создадете нешто што ќе живее без вас и кое може да ве надживее вас и времето во кое сте твореле. Знам не е лесно, но па од друга страна, не е неостварливо. Вреди да се проба. Секако дека дизајнот има и свој финансиско-матерјален исход, но доколку се сведете само на тоа, вреувајте ми, сте промашиле се’ и не сте дизајнер или уметник.
Особено важно е познавањето на технологијата и индустријата. Без тоа креацијата може лесно да заврши како супер идеја во обид. Преку визуелно креирање некому соопштуваме некаква информација, порака или приказна. За мене од особено значење е дизајнот на плакатот да содржи одредено сиже. Доколку се сведе на формално естетска игра веројатно ќе биде пофалено, но најчесто и брзо заборавено. Плакатот не треба да биде млитав, сладок, плиток, банален. Плакатот е своевидна визуелна провокација која треба да го запре човекот на улица, треба да го наведе да ја забележи, прочита, почуствува пораката, и кога на друго место повторно ќе се сретне со него да се сети на содржината која му била пренесена. Плакатот е алатка за комуникација со луѓето. Со него вие и’ се обраќате на публиката.
На кое ниво пак се наоѓа графичкиот дизајн во нашето општество?
- Генерално нашиот графички дизајн се карактеризира со недостаток на подлабока промисленост во креативна смисла, недоволно внимание на типографијата, или делува некако набрзина направено. При тоа, знам дека кај нас најчесто се работи во услови на неподносливо куси рокови, под притисок и понекогаш прекумерно и неоправдано мешање на нарачателот во процесот на креирање.
Нешто што навистина многу ми пречи е кога се среќавам со креации кои содржат политичка, социјална, сексуална, национална и друг вид некоректност. Имам впечаток дека тао е делумно последица на недоволното познавање на личните или групните права и слободи. Ваквите визуелно-соржински исходи се плод и на немањето време или воља за истражување и се сведуваат на едноставно рефлексно пренесување на нашите локални општо-прифатени стереотипи. Мислам дека треба да се потрудиме ова што е можно помалку да го има.
Нормално декa не е се така црно и несомнено дека поседуваме креативен потенцијал кој умее да создаде високо професионален визуелен продукт. Дел од нив живеат во странство, други во Македонија. Тоа што ги соединува е младоста, желбата за нови видици и работат исклучиво за странски клиенти. Нив не можете да ги најдете на локалниот пазар на трудот, доколку ви требаат ќе ги побарате онаму каде што ги наоѓа светот и секако при тоа, како клиент, ќе треба да им ги обезбедите условите кои им ги дава светот. Воопшто не им е лесно, но тие самите си се избориле за своето место таму каде никој не гарантира вечна слава. Се радувам на оваа млада генерација уметници и дизајнери бидејќи се храбри и се одважиле да се споредат со некои кои имаат многу подобри услови за работа и живот и се обидуваат да си го најдат своето место на глобелниот пазар на идеи. Од друга страна ме поразува фактот дека тие не се гледаат себе си тука. Мислам дека треба да се поработи на тоа, но не со забрани и ограничувања туку со адекватно вреднување на квалитетот и компетитивноста која овие креативци ја нудат.
Вие сте ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор. Во текот на својот плоден творечки ангажман, интензивно ги истражувате технолошките и изразните перформанси на електронските медиуми во уметноста, како и можностите на дигиталната технологија во визуелната уметност. Од сето ова произлегоа бројни изложби, што ве привлече кон овие истражувања и кои се главните елементи на Вашите дела во контекст на истражувањата?
- За мене како творец оваа технологија има есенцијално значење. Зошто го велам ова? Непосредно по дипломирањето се соочив со реалноста дека немам адкватен простор каде можам да продолжам да се бавам со графика. Излезот од оваа ситуација беше мојот паралелен анагажман во доменот на графичкиот дизајн. Така успеав да навлезам во можностите кои ги дава дигиталната технологија. Компјутерите во тоа време беа со оскудни можности, но поради брзината на нивниот развој за една деценија почнав во домашни услови да креирам. Компјутерот и целата дигитална технологија станаа моето атеље, а јас успеав да опстанам и да го работам она што најмногу сакам. Тоа што сакам да им го пренесам на помладите е моето творечко професионално искуство добиено со преиспитувањето на теоретското преку практичната работа во уметноста и во продукцијата. Дигиталната технологија дава изразни можности кои претходно не постоеле во другите медиуми. Затоа многу ми пречи кога оваа технологија луѓето ја користат за имитирање на традиционалните начини на изразување. Или пак се задржуваат на ефтини, допадливи ефекти кои несомнено со овој медиум се лесно остврливи. Јас се трудам да ги стимулирам помладите колеги дигиталната технологија да ја употребуваат како различно средство за изразување кое не е ниту имитација, ниту негација, ниту супституција на традиционалното. Таа е само логична последица на општиот технолошки општесвен и соцјален развој на нашата цивилизација. Таа ни ја даде брзината во креирањето, контролата над процесот на квалитет. Предизвикот лежи и во тоа како да ги избегнете сите оние стапици кои ги носи фасцинацијата од нова технологија. Сепак на крајот, кога луѓето стојат пред вашето уметничко дело нив совршено не ги интересира како вие физички изгледате и што сте употребиле како материјал и технологија, тие ќе ве ценат по ставот, пораката, духовното, духовитото, свежината и како сте ја визуелизирале приказната. Можеби ќе разочарам многумина, но виртуозноста во користењето на одредена техника е само една од можните стартни позиции од каде што тој што ќе тргне можеби ќе стане уметник, дизајнер, творец. Образованието во оваа професија дава само „квалитетни“ насоки, не постојат догми и рески закони, но секако постојат одредени правила. Често претпочитам да кажам дека тие служат за уметникот да да се обиде да ги прекрши, но тој прво мора да научи кои се и што значат, за да знае што менува. Експериментот во креирањето сепак се базира на почитување на претходно достигнатите сознанија. Дозволено е со нив да правите се’ што сакате, но тоа не треба да се сведе на случајност. Веројатно ова е една од битните специфики на оваа професија ина слободата на изразувањето воопшто.
Живееме во време на рапиден развој на технологијата и масовната употреба на интернетот. Во едни такви услови колку на уметникот му е загарантирано авторското право?
- Како што веќе реков дизјнерите, уметниците се дел од колективното секојдневие. Така, како за другите така и за нас, денес ако ве нема на интернет значи дека не постоите. Животот комплетно се промени, примарното место каде луѓето се информираат и комуницираат е интернетот, социјалните мрежи, форуми. Овој начин на моменти е место кое е анархичен извор на разноразни информации, би кажал дека понекогаш се чуствувам како контејнер преполн со безвредни информации. Од друга страна, интернетот е медиум кој нуди бесконечни можности и тоа е нашата реалност со која треба да научиме да живееме. Интернетот и социјалните мрежи се место каде можете на многу едноставен начин креативно да се изразите, место каде се’ уште можете да го пронајдете изворното значење на зборот демократија. И што е за мене од извонредно значење тие за мене претставуваат извонредно место за среќавање со публиката и за создавањенова публика. Тука интеракцијата е директна, уметникот е потполно изложен на можноста да добие секаков вид фидбек: лош, дрзок, полн со омраза, претерана восхитеност, воздржаност, интелектуална прецизност. И тоа е добро, така ги запознавате луѓето, бидејќи тие се вашата публика и вие ним треба да им ја раскажете вашата визуелна приказна. Мене лично, интернетот ми ја даде слободата секојдневно да го комуницирам со публиката мојот тековен проект во областа на социјално-општествениот плакат, кој претставува мој личен став на одредени локални или глобални теми. Сфатив дека пред себе имам огромен неискористен простор, и го прифатив предизвикот да допрам до публиката понудувајќи и’ различно визуелно искуство.
Ваквото изложување, со себе го носи ризикот од злоупотреба на авторството. Понекогаш луѓето сметаат дека она што го добиваат бесплатно нема никава материјална и интелектуална вредност. Ни претстои доста работа да го коригираме ова и да им помогнеме на луѓето да го разберат значењето на авторските права како заштита и гарант за оригиналноста во идејна и креативна смисла.
Колку често се случува кражба и отуѓување на едно дело во масовниот пристап на современите технологии, и во буквална смисла, и во смисла на крадење на идеи и мотиви? Дали Вам лично Ви се случило нешто такво?
- Брзината на животот, трчањето кон материјалните добра, профитот нужно со себе го носи дефектот на повторување, имитирање, превземање или кражба на туѓа идеја. За жал оние кои се борат за зачувување на етичките, моралните и правните норми секојдневно се ставенина тест на издржливост. Денес е лесно да „украдеш“, но уште полесно е да бидеш откриен во тоа. Прашање е што потоа, односно колку системот и околностите дозволуваат на крајот да се стигне до позитивен епилог.
Мене во неколку наврати ми се случило да видам мое дело употребено без мое знење. За среќа успеав релативно бргу да го надминам тој проблем. Секако сум реагирал на неколку наврати кога сум приметил дека некој под свој дизајн става туѓо дело.
Колку во нашето општество се почитува авторското право и според Вас, каков е законскиот пристап и регулација по ова прашање?
- Со оглед на професионалната определба на поголемиот дел од вашите читатели се чуствувам некомпетентно во детали да го толкувам правниот аспект на законот за авторското правои сродните права во Република Македонија. Можеби покорисно е да го раскажам мојот став и дилема за состојбите со авторските права.
Пред се’, заштитата на авторските и интелктуалните права не е потреба само на уметницитеи дизајнерите, тоа е случај со сите професионалци кои се бават со креативност во доменот на нивната професија. За жал, ми се чини дека ние веќе сме дојдени во состојба каде не е доволно да имате добар закон или друг вид правна одредба. Јас и моите колеги веќе поодамна на договорите кои ги потпишуваме гледаме како на парче хартија кое служи само за да се задоволи формата. Во реалноста никогаш не сте на чисто дали нема да бидете изграни од „помоќниот“ од вас. Одамна не сум чул некој да води спор за неисплатен хонорар или неовластено објавување на нечие дело. Мотивите за избегнување правни или судски одгвори на ваквите проблеми се од најразлична природа, но сметам дека најчесто тоа е неможноста да се плати професионалната услуга, која во многу случаи е поголема од хонорарите кои уметниците ги добиваат во државава за завршена креативна или интелектуална услуга. Дополнително, при тоа никогаш не сте сигурни каков ќе биде крајниот епилог.
Ние успеавме во сите сфери на живеењето, па така и во уметничката фела, да го загубиме системот на вредности и почитувањето внатре во фелата. Со тоа, ги загубивме алатките за вреднување на интелектуално-креативниот производ во Република Македонија, што директно придонесе кон намалување на социјалниот статус на давателите на овие услуги.
После осамостојувањето во Република Македонија со право се појави потребата за замена на веќе анахрониот, нефункционален, социјалистички општесвен модел. Морам да признам дека во неговото рушење бевме многу ефикасни и тоа многу успешно го сторивме. За жал до денес не го заменивме со нов. Ние пресоздадовме некакви уметнички и други здруженија, но тие се’ уште се нефункционален сурогат кој функционирал во друг систем кој веќе го нема. Не постои сервис кој им помага на уметниците. Не постои организиран пазар, нема менаџер, галерист. Тоа е се некако спонтано анархично, ничкум.
Имам чувство дека ова што ние го нарекуваме општество е своевиден сурогат на отомански концепт од пред младотурската револуција со остатоци на социјалистички менталитет, поставен во услови на ран капитализам. Конквистадорската логика, кој дошол прв негово е, не доведе сите во оваа состојба. Создадовме слепо општество кое не разликува аматер од професионалец. Па така секој може да се нарече уметник или ако му звучи „пофенси“ и дизајнер, и тоа да биде прифатено како факт.
Мислам дека сите ќе се сложиме дека профитот не може да го ставиме над моралните, етичките и правните норми. Ако тоа продолжиме да го правиме ќе се претвориме во обични безвредни продукти за продажба. Па оттука, кога зборувам за законот тој може ќе ги задоволи нормите кои ни ги наметнува како стандард меѓународната заедница, но мене повеќе ме плаши дали е тој отпорен на нашиот менталитет кој ќе си признаеме е склон кон немар, импровизации и заобиколкување. Мислам дека треба што е можно поскоро да почнеме да делуваме во насока на создавање држава која е логична целина каде професиите ќе се надополнуваат.
Како и да е, јас се’ уште верувам во тоа дека доколку има потреба од правен застапник ќе се обратам во некоја адвокатска канцеларија, но би сакал да дојдам до состојбата кога повторно ќе почнам да верувам дека тој што би ме застапувал ќе има амбиент тоа професионално да го одработи. Би сакал еднаш да научиме дека без систем нема напредок.
Знам дека профитот е важен, но ете во мојата професија не е, ние на пример сето она што го правиме го даваме на другите и тогаш престанува да биде само наше. Дали можете таа вредност да ја измерите со броеви и мерки? Треба да го вратиме интелектуалното и духовното во нашите животи кои попат некаде сме ги подзаборавиле.
Уметникот сам не може да го промени светот, но тој е еден вид лекар кој со своето слободно креативно изразување умее да укаже и упати кон едно подобро утре.

Sunday, April 9, 2017

MY COMMENTS [VICTIMS]

.... work in progress ....

Ferry Sewol

Сирија / Syria
Крвта од Алепо / Blood from Aleppo


My visual contribution to the 
16 Days of Activism against Gender-Based Violence, 2016. 
From 25 November, the International Day for the Elimination of Violence against Women, to 10 December, Human Rights Day, the 16 Days of Activism against Gender-Based Violence Campaign is a time to galvanize action to end violence against women and girls around the world.
...

Wednesday, February 22, 2017

Thursday, February 9, 2017

MY COMMENTS [Old stories]

..... work in progress ....


Political morality




No Glo-Wall!!!


Women's rights are humans rights!!!








...